Амбасадорите на планинарење по повод Денот на независноста
Под мотото "Ние сме НАТО", а по повод Денот на независноста 8-ми септември, на падините на Бистра во тек е планинарска тура на која учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и неколку амбасадори во земјава. Целта на планинарењето е запознавање со природните убавини на Македонија, а дипломатите меѓудругото ќе имаат можност да го пробаат традиционалното сирење и да се запознаат со процесот на негова подготовка. Како што рече министерката на првата пауза од пешачењето, инспирација за настанот е тоа дека сите височини се достижни ако се има план, слично како и со освојувањето на планинските врвови.
Потенцирајќи ги природните убавини на Македонија, пак, амбасадорките на САД и на Британија Кејт Брнз и Рејчел Галовеј најавија продолжување на соработката на сите полиња и зацврстување на партнерството.
Планинарењето се одвива во соработка со Асоцијацијата на интернационални водичи и Здружението за заштита и спасување на планина.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека