Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија
Прашумата Амазон е многу позагрозен отколку пред осум години, се наведува во извештајот на група истражувачи и невладини организации насловен „Амазон под притисок”.
Во Амазон во периодот од 2000 до 2018 година исечена е шума од површина од 513.016 километри квадратни, колкава што е површината на Шпанија.
На тој начин најголемата прашума во светот се намали за осум проценти, се наведува во извештајот на Амазонската мрежа за општествено-еколошко географски информации (РАИСГ).
– Амазон е многу позагрозена од пред осум години, се наведува во извештајот на РАИСГ, која слична студија објави и во 2012 година.
Прашумата Амазон опфаќа девет земји: Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Еквадор, Венецуела, Суринам, Гвајана и Француска Гвајана, со околу 47 милиони жители, вклучително и голем број домородни заедици.
Најлоша година е 2003 година кога е исечена шума од 49.240 километри квадратни. Потоа е забележан пад, а најниското ниво е во 2010 година (17.674 квадратни километри), а потоа од 2012 година повторно е зголемена сечата.
Бразил има 62 отсто од прашумата Амазон, но повеќе од 85 отсто од сечата е на негова територија. Во периодот од 2000 до 2018 година од бразилската прашума исечени се 425.051 километри квадратни.
И шумскитепожари придонесоа за намалување на површината на прашумата Амазон, а најголемото уништување е забележано во Боливија. ми/
xРио де Жанеиро, 9 декември 2020 (МИА) – Прашумата Амазон е многу позагрозен отколку пред осум години, се наведува во извештајот на група истражувачи и невладини организации насловен „Амазон под притисок”.
Во Амазон во периодот од 2000 до 2018 година исечена е шума од површина од 513.016 километри квадратни, колкава што е површината на Шпанија.
На тој начин најголемата прашума во светот се намали за осум проценти, се наведува во извештајот на Амазонската мрежа за општествено-еколошко географски информации (РАИСГ).
– Амазон е многу позагрозена од пред осум години, се наведува во извештајот на РАИСГ, која слична студија објави и во 2012 година.
Прашумата Амазон опфаќа девет земји: Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Еквадор, Венецуела, Суринам, Гвајана и Француска Гвајана, со околу 47 милиони жители, вклучително и голем број домородни заедици.
Најлоша година е 2003 година кога е исечена шума од 49.240 километри квадратни. Потоа е забележан пад, а најниското ниво е во 2010 година (17.674 квадратни километри), а потоа од 2012 година повторно е зголемена сечата.
Бразил има 62 отсто од прашумата Амазон, но повеќе од 85 отсто од сечата е на негова територија. Во периодот од 2000 до 2018 година од бразилската прашума исечени се 425.051 километри квадратни.
И шумскитепожари придонесоа за намалување на површината на прашумата Амазон, а најголемото уништување е забележано во Боливија.
Ново на Сител
-
Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
-
Едно и полгодишно дете паднало во базен во прилепско, пронајдено бесвест од неговите родители
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ