Амано: Во моментов Иран е под најсилниот режим за нуклеарна проверка
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано, ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Договорот за нуклеарната програма на Иран предвидува слаб контролен механизам.
- Во моментов Иран е под најсилниот режим за нуклеарна проверка, истакна Амано.
Тој наведе, дека МААЕ досега добила пристап до сите места кои требало да ги посети.
- Иран ги почитува сите задолженија во однос на нуклеарниот договор, потврди Амано.
Претходно, Трамп одби да потврди дека Иран постапува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година и предупреди дека може да го поништи.
Трамп оцени дека Иран не се држи до духот на договорот за нуклеарното вооружување и најави нова стратегија кон таа држава.
– Објавувам дека не можеме и не сакаме да ја дадеме таа потврда, нагласи Трамп.
Тој наведе дека САД ќе го скратат патот на Иран кон развој на нуклеарно оружје.
Трамп во обраќање од Белата куќа најави дека неговата администрација ќе се обиде да се спротивстави на „дестабилизирачките активности“ на таа држава и ќе воведе дополнителни санкции за Иран за да се спречи како што тврди, нивното финансирање терористи.
Тој, исто така, увери и дека инспекторите на МААЕ не ги искористиле целосно своите овластувања, бидејќи биле под притисок од Иран.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница