Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да расправа по поднесените амандмани за Предлог законот за вработените во јавниот сектор, Предлог на закон за административни службеници и Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите второ читање.
Пакетот реформски закони за администрацијата, минатата недела беа усвоени во прво читање на пленарна седница, согласно со Стратегијата за реформи на јавната администрација, Акцискиот план на Министерството за јавна администрација и Роковникот за европската агенда.
Собраниската прес-служба најави дека Комисијата за политички систем ќе одржи уште една седница, на која на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за државните награди и Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик, двата во прво читање.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени