Македонија
12. November 2018 - 16:06

Амандманите ја „поминаа“ комисиската расправа побрзо од планираното

За само пет дена заврши комисиската расправа по четирите нацрт-амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа.

Краткатата дебата ја изненади дури и власта која планираше да се искористаи целиот делвнички рок за оваа намесна односно 12 дена.

Сепак, пленарната седница за нивна потврда во втората фаза ќе остане на 1 декември. И покрај тоа што Владата брза да ги исполни своите обврски согласно Спогодбата  датумот нема да биде поместен бидејки е одреден согласно Деловникот.

Расправата на оваа седницата може да  трае најмногу три дена за секој нацрт-амандман одделно, а за да поминат амандманите во оваа втора фаза ќе е потребен 61 пратенички глас.  Веднаш потоа треба се организира јавната расправа, која се планира некаде кон средината на декември. 

Талат Џафери веќе одреди рок од само пет дена во кој треба да заврши оваа јавна расправа. За опозоцијата ова е прекратко, додека пак, за власта сепак има време за дебата особено за неформална јавна дискусија.

Комисиската расправа во втретата фаза по конечните предлог-амандмани се планира да почне пред Нова година, додека пак, седницата за нивнотот гласање би била кон средината на јануари.  Тогаш амандманите ќе се гласаат со 2/3 мнозинство, а за дел од нив ќе биде потребно и Бадентерово мнозинство.