Алтхаузер: Знаеме и ја признаваме големата помош од Македонија за бегалците

Знаеме и ја признаваме големата помош од Македонија за бегалците, за илјадници бегалци кои секојдневно минуваат низ Македонија, истакна амбасадорката на СР Германија во Република Македонија Кристине Д. Алтхаузер за време на денешниот престој во Битола, каде на Француските гробишта се одбележа 9.Ноември – Денот на народната жалост.
- Помошта што ја дава Македонија како засегната држава во оваа криза е многу добра. Знаеме и ја признаваме таа голема помош од Македонија. Секојдневно низ земјата поминуваат илјадници бегалци. На една конференција на која учествуваа државите од западната балканска рута, а на која учествуваше и македонскиот претседател Иванов, се бараа решенија и за финансиска помош и во таа смисла Македонија ќе ја добие, за да се справи со бегалската криза.Помошта ќе овозможи подготовка за зимски услови, техничка помош, шатори и друга помош, истакна германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.
Помирување и соработка, тоа е клучната порака, нагласи амбасадорката Алтхаузер и додаде оти соработка и рамнотежа – тоа се предизвиците пред нас во услови на голема бегалска криза.
- Дваесеттиот век, беше век на прекумерно насилство. За тоа сведочат годините 1914 и 1939. Многу нешта се случија во овие 100 години. Едно од достигнувањата што го трасираа патот, е големиот мировен проект што го оствари Европа, а тоа е создавањето на Европската унија. Во 2012 година Унијата ја доби Нобеловата награда за мир, но овие денови, земајќи ги пред вид сликите со милиони луѓе кои бегаат од војна и насилство, се занимаваме со загрижувачкото прашање, дали Европа ќе го издржи овој предизвик. Бранот на луѓе во неволја минува и низ оваа држава, кон Северот, во потрага по безбедност и можеби подобар живот. Ова не се лесни времињса за Европа, но ако паметно постапиме, големите задачи што заедно ќе ги совладаме, ќе не сплотат повеќе, посочи амбасадорката Алтхаузаер.
На денешната комеморација во Битола, амбасадорката на Република Франција во Република Македонија Лоранс Оер потсети дека пред точно 100 години во Македонија пристигнале првите француски војници.
- Во 1915 година француските војници влегле во Валандово и Гевгелија, но сега треба да погледнеме напред во иднината, нагласи Оер и потврди дека на Француските гробишта во Битола како едни од најголемите воени француски гробишта во регионот ќе биде изграден меморијален центар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
