Македонија
23. November 2022 - 16:32

Алтернатива не ги дава своите министерски и директорски места

Алијанса за Албанците дефинитивно влегува во владејачкото мнозинство. Останува само да се допрецизираат детали и да се направи распределба на кадровскиот колач, потврдуваат за Сител високи владини извори. Според нив, во моментов само се чека Таравари да биде тој кој сам ќе објави дека му се приклучува на мнозинството.

ВД Лидерот на Алијанса и денеска тактизира. Откако речи си сите функционери од неговата партија потврдија дека се прави распределба на ресори, тој на нашето прашање како напредуваат преговорите кратко одговори дека нема преговори.

И Премиерот денеска јавно не сакаше да споделува детали

Ако СДСМ и ДУИ сакаат нов партнер во Владата сами нека отстапат од своите ресори, порачаа денеска од Алтернатива.

„Всушност мнозинството е истото што било и лани во оваа време кога Алтернатива се приклучи на оваа Влада, па затоа не гледам која би била причината за влез на некоја друга партија во владата. Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука.“ – велат од Алтернатива за Сител и додаваат дека не планираат да отстапат некое од своите министерства.

Иако прашан, Таравари не сакаше да коментира дали планира да му биде резервна гума на Ахмети во битката со огнената група.

Во Мала Речица не кријат дека го сакаат Таравари во своите редови, иако огнената група се противи на овој чекор.

Партиски извори веќе брифираа дека за влез во Владата на Таравари му нудат 3 министерства и дека Алтернатива, СДСМ и ДУИ треба да се откажат од по еден ресор.

Неофицијално, во игра се министерствата за правда, информатичко општество, здравство, транспорт и врски, образование и животна средина.