Алкалоид за шест месеци со 8,5 милиони евра инвестиции, 121 вработување и раст од 14% на профитот
Компанијата Алкалоид АД Скопје соопшти дека во периодот од јануари до јуни годинава оствариле продажби од близу 78 милиони евра или 1 процент повеќе споредено со истиот период лани. Вкупните консолидирани продажби пак достигнале близу 102 милиони евра или 3 отсто повеќе споредено со истиот период лани.
Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7% додека, вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 1%. 35% од вкупните консолидирани продажби, се остварени дома , додека 65% на странските пазари. Најголем пораст во странство бележат продажбите во Русија и другите земји од Заедницата на независни држави.
Од јануари до јуни профитот на компанијата се зголемил за 14 отсто додека за истиот период компанијата вработила нови 121 лице и инвестирала 8,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти