„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 15 отсто
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти компанијата.
- Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 отсто. Зголемување од 9 проценти е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех, се посочува во соопштението.
Според единечниот Биланс на успех, пак, наведуваат, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 проценти.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари.
Во периодот јануари - јуни 2015 година во Алкалоид се реализирани и 56 нови вработувања во Република Македонија.
Ново на Сител
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот