Алкалоид одигра нерешено со Глобус, Гамбит Асеко со Дунајска Стреда

Европскиот првак во шах екипата на Алкалиод одигра нершено 3:3 со русиката екипа Глобус во дербито на 6.коло од Европскиот клупски куп што се игра во Анталија. Сите шест парти завршија со реми, а последна заврши на првата табла меѓу Динг (Алкалоид) и Крамник (Глобус). Нерешено 3-3 заврши и дуелот на вториот македонски тим Гамбит Асеко со Дунајска Стреда.
Распоред на двојките на дуелот Алкалоид - Глобус:
Лирен Динг - Владимир Крамник реми,
Павел Ељанов - Шахријар Мамедјаров реми,
Дмитри Андрејкин - Александер Гришчук реми,
Јанг Ји - Ју - Сергеј Карјакин реми,
Дмитри Јаковенко - Аниш Гири реми и
Јури Криворучко - Јан Непомниачи реми.
Распоред на двојките на дуелот Гамбит Асеко - Дунајска Стреда:
Петар Арнаудов - Тамаш Петењи 1:0,
Никола Николовски - Миклош Немет реми,
Богдан Подлесник - Алберт Бокрош 0:1,
Орце Данчевски - Атила Чебе реми,
Дејан Динев - Золтан Варга 1:0 и
Љубиша Андоновски - Иштван Атила Цонка 0:1.
Утре се играат мечевите од последното 7.коло.
На чело на табелата е Олдар Јурду со 11 бодови, пред Глобус со 10, Алкалоид, Нови Бор, Легаси Сквер и Баја Маре имаат по 9. Гамбит Асеко е на 14.место со 7 поени.
Ново на Сител
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
