Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи.
Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се донирани медицински материјали, апарати, и сл. Статистичките податоци покажуваат дека 85% од дадените донации досега се состојат од медицински материјали, вклучувајќи лекови, вакцини, апарати за некои јавни здравствени установи и други материјали.
- Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем. Досега во модулот се евидентирани над 400 донации, процесот на регистрирање се уште е во тек и оваа бројка ќе биде уште поголема, што зборува за тоа дека расте довербата на меѓународните партнери и пријателски држави во нашиот здравствен систем, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението од МЗ.
Целта е да обезбедиме координација и одобрување на донациите, а воедно да се избегнат ситуации кога пристигнува апаратура со различни оперативни системи или опрема за која нема достапни резервни делови и сервис во нашата земја.
- Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација, заклучи министерот Алиу, информираат од МЗ.
МИА
Ново на Сител
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат