Алиу: Со квалитетно образование до намалување на одливот на мозоци
Стратешка цел на Владата и на Министерството за образование и наука е преку инвестиции во квалитетно образование да поттикнеме побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст. Искуствата од развиените земји кон кои се стремиме, покажуваат дека квалитетното образование ги зголемува примањата во текот на животот и е едно од трите клучни сегменти, заедно со здравството и социјалната заштита, кои влијаат на квалитетот на живот, а со тоа и го намалуваат одливот на мозоци.
Ова го нагласи заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу на отворањето на Меѓународната научна конференција „Миграција“, што веќе шеста година ја организира Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.
За да се обезбеди квалитетно образование, споредливо со она од земјите со докажани образовни системи, се одвива темелна реформа на деветтолетката која, како што посочи заменик министерот, има за цел учениците во текот на основното образование да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми.
„Инвестиции во образованието и создавање стручен кадар кој е брзо вработлив, се клучни барања што ги слушаме од младите. Затоа правиме промени и во средното стручно образование кои овозможуваат изучување на струки кои ги бараат компаниите. Преку учење низ практична работа во реални производствени услови, им овозможуваме на младите луѓе да стекнат компетенции, знаења и вештини кои ги прават поконкурентни на пазарот на труд, но исто така овозможуваат проодност кон универзитетите“, рече Алиу.
Тој објасни дека и во високото образование, со сет политики и мерки се артикулира движењето на младите луѓе и на научниот кадар, со што се овозможува од една страна мобилност, како еден од начините за стекнување квалитетно академско образование и нови вештини а од друга стана, се поставуваат услови за нивно искористување во државата.
„Министерството за образование и наука ги слуша младите и ги вградува нивните потреби во активните образовни политики. Министерството има одредено и службеник за млади, како одговорно лице за работењето на Канцеларијата за млади, што ги координира, спроведува и следи прашањата од интерес на младите, во делокруг на надлежностите на министерството“, укажа заменик министерот Алиу, додавајќи дека очекува дебатите кои ќе се развијат на оваа Меѓународна конференција да дадат научно светло на различните перспективи за миграциите.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
