Алиу: Македонија за 2-3 години ќе може да има свој сателит во вселената
„Ова е многу важно за Македонија како држава, но и за дигитализацијата на општеството. Тоа значи да имаме орбитална позиција во вселената, тоа е важен фактор за две прашања, прво треба да размислиме за нашиот сателит еден ден, ако не денес, во иднина. Знаете дека земјите веќе или позајмуваат или работат на лансирање сателити. Со тоа ќе се посигурни податоците за граѓаните, послободна дигитализација за општеството како и престиж за земјата на крајот на денот е да биде лансиран сателит“, изјави на денешната прес конференција министерот Азир Алиу.
На прашањето дали Македонија ќе има свој сателит во вселената, Алиу рече дека тоа се очекува да се реши во следните 2-3 години, односно да се направи финансиска анализа.
„Ова ќе трае, всушност во моментов имаме дефинирани координати за нашата држава. Направени се и веќе ги имаме на располагање. Втората фаза е анализата, фазата трае 2-3 години. Дали ќе одиме со лансирање на сателитот или тој простор ќе биде позајмен на одреден период. Ова треба да биде одлука на државата заедно со ITUWRC. Знаете дека ITU е најстарата институција во светот која ги дефинира фреквенциите за комуникација во орбитата, има три нивоа, ние сме на трето ниво, на 16,6, ако сакате да ја знаете бројката, значи точната позиција што ја имаат во орбитата“, додаде Алиу.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат