Алити: Немаме разговори со АА за нивен влез во Владата
Немаме разговори со Алијанса за Албанците. Сите дискусии кои се водат се шпекулации а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Важно е реформите да течат, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој е дел од владиниот кабинет од редовите на Алтернатива, одговорајќи на новинарско прашање дали за нив е прифатлив влезот на Алијанса за Албанците во Владата и дали се водат разговори за поделба на ресори.
Алити напомена дека сите вести и дискусии поврзани со оваа тема се шпекулации. Како што рече, важно е реформите да течат, дури и на неговото место да треба да дојде нов министер.
-Сите овие вести и дискусии сега за сега се шпекулации, но јас и МИОА не се занимаваме со тоа. Дури и за месец дена да треба да дојде нов министер, ние ќе се обидеме до последен ден работата да ја извршуваме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат, односно да одиме напред, изјави Алити пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.
Ново на Сител
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО