Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс

Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доживеал сериозна повреда. Тој има повреда на левата фибула односно потешка фрактура, која најверојатно ќе го оддалечи неколку месеци од терените.
Алиоски се збодил со повреда на дуелот меѓу неговиот тим Лугано и Сервет и по 20-тина минути го напуштил теренот. Се очекува паузата односно отсуството да биде меѓу 2-3 месеци.
Во секој случај ова не се убави вести за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, бидејќи националниот тим во ноември го очекува клучниот дуел од квалификациите за Светското првенство против Велс во Кардиф.
Македонската репрезентација има шанси за второто место во групата и со тоа по вторпат да играме бараж за пласман на Светското првенство.
МИА
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
