Алијансата за Албанците повика на референдумско изјаснување „за“ НАТО и ЕУ
Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Гостивар повика на масовност и поддршка на претстојниот референдум. Тој на собирот во амфитеатарот во градскиот парк пред сопартијците и симпатизерите зборуваше за потребата која ја нарече природна, албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ.
- Да излезме на 30 септември масовно и да ги мобилизираме останатите. Така ќе им ја врачиме благодарницата на НАТО кои беа со нас кога опстанокот на Албанците на овие простори беше загрозен. Да гласаме „про“ и да ги направиме нашите домови и иднината посигурни, рече Села.
Лидерот на Алаијансата за Албанците во обраќањето ги критикуваше политиките и работењето на ДУИ за кои како што рече, долги години се на валаст, но не го подобриле статусот на Албанците во земјава.
- Добивме понуда да одиме заеднички во оваа кампања, но не прифативме, затоа што не сакавме да одиме заедно со корумпирани политичари. Ние ЕУ ја имаме донесено во општините со кои раководат кадри на Алијансата и таму функционира еднаквоста, а што добиваме за тоа? Само опструкции. Затоа ни треба побрзо да влземе во ЕУ и НАТО, подвлече Зијадин Сеља.
На собирот се обрати и генералниот секретар на партијата и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари појаснувајќи ги состојбите и проблемите на на локално ниво напомена дека сепак 90 проценти од Албанците се за НАТО и ЕУ.
- Тука е најтешко да се добие глас, бидејќи тука се води „војна“ помеѓу опозицијата и власта. Но, тоа не нé демотивира да одиме по патот по кој сме тргнале, по патот кон ЕУ и НАТО. Ние нема да гласаме за референдумот на власта и корумпираните политичари, ние ќе гласаме за НАТО и ЕУ, ќе гласаме за иднината на нашите деца, рече Таравари.
На собирот зборуваше и Азизи од централниот изборен штаб која искажа оптимизим во поддршката на граѓаните на претстојниот референдум.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник