Алијанса за Албанците побара да училиштата да престанат да бараат пари за сведителства
Алијанса за Албанците на прес-конференција денеска обвини дека основни и средни училишта барале пари од ученици и нивните родители за сведителства.
– Само што заврши уште една учебна година и во Тетово повторно се појавија старите шеми на изнудување пари од ученици и родители од основните и средни училишта во Тетово. Многу ученици и родители изминативе денови пријавија дека од нив е побарано пари за сведителствата. Знаејќи дека законот на сила и последното соопштение од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека документацијата на завршната година се обезбедува од Бирото за образование, ние како Алијанса јавно прашуваме: Кој ги ограбува тетовските ученици и нивните родители? Од кој центар доаѓаат наредбите за да им се земат пари повторно?Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските учители, наставници и професори кои што некој ги става во тешка положба и пред сè бараме разбирање за нив, што и така се прегазени од неисплаќањето за додатната работа за време на пандемијата, изјави на прес-конфренција Музафер Етеми, од тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците.
Според него и досега жртви се и учениците и родителите на Тетово, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони и интернет, сега се принудени да плаќаат и за сведителства. Етеми побара веднаш да се престане со оваа, како што рече, ниска форма на корупција и злоупотреба.
-Ги предупредуваме овие службени лица ако од денес дознаеме за уште еден случај од оваа појава, нема да се двоумиме да ги објавиме со име, презиме и слики сите тие што ги ограбуваат нашите фамилии и вршат притисок врз наставниците. Јавно го повикуваме инспекторатот за образование барем еднаш правилно да ја изврши својата должност и да ги казни тие што немаат милост ни кон децата, рече претставникот на АА.
Ново на Сител
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
-

Врнежи од дожд, на планините снег
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
