Алијанса за Албанците ги објави имињата на кандидатите за градоначалници

Денес во Гостивар се одржа следната седница на Централното Собрание на Алијанса за Албанците, во кое се усвоија имињата на кандидатите за градоначалници од страна на Алијанса за Албанците. Централното Собрание одлучи за следните кандидати:
Куманово – Беким Салиу
Арачиново – Наим Синани
Сарај – Ќерим Мамути
Желино – Махир Зибери
Теарце – Назим Таипи
Брвеница – Арѓенд Гура
Тетово – Вулнет Мурсели
Боговиње – Албон Џемаили
Гостивар – Арбен Таравари
Врапчиште – Исен Шабани
Дебар – Беким Поцеста
Струга – Идри Истрефи
За Општина Боговиње имаше тајно гласање каде членовите на Собранието требаше да изберат меѓу две кандидати, Албон Џемаили и Садик Сулејмани. Со мнозинство гласови, Собранието одлучи за Албон Џемаили да биде кандидат за Градоначалник на Општина Боговиње.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
