Македонија
4. September 2021 - 17:41

Алијанса за Албанците: Германската фондација Конрад Аденауер ги обучува нашите кандидати

Фондацијата Конрад Аденауер одржа обука на тема „Градење капацитети на локално ниво“ за кандидати за градоначалници и некои од потенцијалните кандидати за општински советници, предложени од Алијансата за Албанците.

Настанот го отвори директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, г. Даниел Браун, кој ја изрази својата подготвеност и на неговата екипа за подршка на Алијансата за Албанците во градењето капацитети.  Еден од приоритетите во рамките на оваа соработка е членството на Алијансата за Албанците во Европската Народна Партија, како дел од големото семејство на десничарски партии.

Во својот говор пред кандидатите за време на оваа обука, претседателот на АА, ЗиадинСела, истакна дека се чувствуваат од говорни при изборот на кандидати бидејќи е многу важно да се водат исправно општините и да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните. Заложба на Алијансата за Албанците, рече Села, ќе биде соодветна децентрализација на власта, со посебен акцент на фискалната децентрализација и здравството.

Предавачи на оваа обука беа Марко Панковски од Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) – Скопје и Неритан Сејамини од Универзитетот на Тирана.

Алијанса за Албанците