Алијанса за Албанците: 9 Мај нè потсетува на Денот на Европа, но и на енигмата на случајот во Куманово

Денес е Денот на Европа и датумот 9 мај ја обележува годишнината на историската изјава на Роберт Шуман, идеологот за создавањето на Европската Унија.
Кога говориме за овој датум, се потсетуваме и на заостанувањето на Македонија надвор од Европска Унија, којашто никако не успева да го започне отварањето на преговори со ЕУ за зачленување. Покрај нерешениот спор со Бугарија кој не успева да се разреши поради неспособноста на оваа влада, бидејќи оваа стагнација не се случува само поради историски причини, туку и поради политички и дипломатски неспособности на Владата СДСМ-ДУИ, Македонија не успева да ги исполни главните услови на ЕУ-поставување на правна држава, реформирање на судството, креирање на успешни процеси за ветинг за сузбивање на криминалот и корупцијата, деполитизација на јавната администрација, обезбедување на можности за независните медиуми и слобода на изразување, итн.
Македонија, држава членка за ЕУ, управувана од СДСМ-ДУИ, продолжува да биде лидер во регионот во статистиките за корупција, според извештајот на Грекос и Transparency International, принудувајќи ги граѓаните во голем број да мигрираат за подобар живот во државите на ЕУ.
Кога зборуваме за датумот 9 Мај, секогаш се сеќаваме и на 9 Мај од 2015 година, на монтираниот политички процес, судски и полициски, како што се случајот во Куманово, крвавата борба во населбата. Енигмата на овој случај, што се случи во кулминацијата на откривањето на политичките прислушкувани разговори опфатени во криминал и корупција, говори многу дека тоа беше монтиран и оркестриран случај, независно што не резултира така какошто го имаа замислено нарачателите. И после пресудата со стотици години затвор за членовите на Кумановската група, ден-денес оваа Влада, СДСМ-Дуи нема преземено ниту еден конкретен чекор за иницирање на една независна меѓународна судска истрага, што беше предизборно ветување на самиот Премиер, Зоран Заев. Додека ДУИ, како дел од тогашната влада ВМРО-ДПМНЕ и денес дел од коалицијата со СДСМ има директна одговорност за дозволување на случување на еден ваков монтиран случај со многу невини човечки жртви од двете страни и осудување со доживотен затвор на многу Албанци. Нам ден денес не ни е јасно зошто се случи Куманово и кој беше нарачателот на овој случај што заврши со жртви и како настан ги поремети и меѓуетничките односи помеѓу Албанците и Македонците.
Денес, кога говориме за датумот 9 мај, апелираме до оваа влада или да ја интегрира земјата во ЕУ, или да признае дека е неспособна и да си даде оставка, бидејќи граѓаните поради нивната вина остануваат надвор од единствената алтернатива како што е Европска Унија.
Денес, исто така ја повикуваме оваа влада да побара меѓународна помош од државите на ЕУ за разрешување на сите политички монтирани случаи, како што е случајот Куманово. Македонските лидери пред да започнат да зборуваат за случајот 27 Април и да прават политички пазарувања, нека погледнат назад и нека одговорат- како се случи Куманово и другите политички случаеви каде во континуитет имаме апсења и убивања на невини Албанци.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
