Свет
6. December 2016 - 14:20

Алфано: Во февруари можни нови избори во Италија

Италија може да излезе на нови избори во февруари, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано.

- Предвидувам дека изборите може да се одржат во февруари, рече министарот за весникот „Кориере дела сера“.

Како што пренесуваат британските медиуми, Алфано оваа проценка ја изнесе по разговорите со Матео Ренци, кој завчера поднесе оставка по неуспешниот референдум за уставните измени.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во меѓувреме го замоли Ренци да остане на функцијата до изгласување на новиот буџет што треба да се случи до петок.