-->
-->
Алексовски: Во 2015 реализирани ветените проекти во Крива Паланка
-->

Градоначалникот на Крива Паланка на седница на Советот на општината даде отчет за сработеното во 2015, потенцирајќи ги најважните проекти за подобрување на животот на граѓаните и развој на општината.
Во обраќањето Алексовски нагласи дека сумирајќи ги годинашните резултати локалната самоуправа веќе прави стратегија како поуспешно и продуктивно да работи во наредната година.
Алексовски рече дека 2015 е година одбележана со остварување на ветеното и со продолжување на градежната офанзива со многу проекти.
- Го реконструиравме локалниот пат во село Конопница до местото викано Спас во должина од 350 метри, со финансии од Светска банка, пат во село Градец до испосницата на Св.Јоаким Осоговски, 350 метри, реконструирани и асфалтирани се делови од улицата Лозановска, асфалтирани се повеќе јавни површини, во населбата Единство, на улиците „Св.Јоаким Осоговски“ и „Јане Јакимовски“, изградена е фекална канализација во Бојанов Дол од 1.000 метри, со грант од Министерство за транспорт и врски преку ЕБОР, а со грант од истото Министерство од шест милиони денари завршено е поврзувањето со водоснабдителниот систем на Станачка река и доопремена е фабриката за вода, со уредување на просторот околу филтер станицата, изјави Алексовски.
Проект со кој особено се гордее, како што рече, е јавното приватно партнерство на општината со кое се изградени минихидроелектрани на цевководите од Клаин Камен и Станечка Река.
- Со овој проект оштината во иднина ќе инкасира околу 70.000 евра годишно, средства кои се добредојдени во буџетот на градот. Овој проект е во вредност од околу 155 милиони денари, рече Алексовски.
Во 2015 година, информира, се почнати неколку значајни проекти, од кои најважен е „Водоснабдување висока зона лев брег на Крива Река“ кој се реализира преку грант од 23 милиони денари од Министерство за транспорт и врски преку ЕБОР.
- Во 2016 се очекува да бидат реализирани повеќе проекти за асфалтирање на неколку патни правци во општината за кои веќе се обезбедени финансии, а ќе се градат и канализациски мрежи и фекална канализација во неколку населби и села. Ќе се гради т.н. „Руски пат “ со манастирот, пат во село Жидилово и во Калин камен. Се планира изградба на водовод во село Луке и доизградба на Белевски Дол, информира градоначалникот на Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
