Македонија
26. January 2017 - 15:38

Алексовска: Продолжува реализацијата на проекти од интерес на скопјани

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Слободанка Алексовска денеска најави дека ќе продолжи реализацијата на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во Скопје.

Таа информира дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на денешната седница ќе поддржи поголем број одлуки со кои ќе се подобри животот на скопјани.

Со првата одлука, како што посочи Алексовска, на Црвениот крст на Град Скопје ќе му се доделат два милиони денари коишто ќе бидат наменети за проширување на Пунктот за бездомници во Момин поток.

- Минатиот месец, Градот Скопје, следејќи ги повиците на јавноста за откажување на организираните дочеци на Новогодишната вечер, реши да се откаже од оваа пракса и парите да ги донира во хуманитарни цели. Со оваа одлука ќе се прошири капацитетот на Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување на хигиена и други психосоцијални услуги, рече Алексовска.

Таа додаде дека на Советот ќе се расправа и за Одлуката за набавка на две специјални возила, нови возила, механизација и специјална опрема за Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

- Во завршна фаза е и реализацијата на капиталниот проект за изградбата на новиот објект на потстаницата на Противпожарната бригада во Општина Ѓорче Петров, кој ќе биде сместен објект во истиот објект со новата полициска станица. Со изградбата на новиот потцентар ќе се овозможат подобри услови за работа, подобро сместување за возилата, како и побрзи и поефикасни интервенции во случај на пожар. Противпожарната станица во новиот објект ќе добие простор од околу 600 метри квадратни, каде ќе можат да се сместат три противпожарни возила, а тука исто така ќе бидат сместени и лицата кои што ќе работат во оваа станица, рече Алексовска.