Александар Вучиќ кандидат за претседател на Србија

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) попладневно реши партиски кандидат за претседател на Србија на претстојните избори да биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави Танјуг.
По едночасовната седница на Пртседателството, српскиот министер за внатрешни работи и потпретседакте на СНС, Небојша Стефановиќ изјави дека Вучиќ бил едногласно избран за кандидат за српски претседател на партијата.
Вучиќ од своја страна одби да одговара на новинарски прашање по седницата, туку само кусо изјави дека наскоро ќе биде објавено соопштение во кое „се ќе биде прецизно наведено“.
Во соопштението од седницата се посочува дека Претседателството донело едногласна одлука да го предложи Вучиќ за кандидат за претседател на Србија и воедно го „задолжило да ги продолжи разговорите“ со актуелниот шеф на српската држава Томислав Николиќ и „да се обиде да обезбеди целосно државно единство на сите одговорни фактори“.
Томислав Николиќ до минатите претседателски избори беше лидер на СНС. Тој во неколку неврати најавуваше дека е заинтересиран за втор претседателски мандат, а некои српски медиуми објавија и дека доколку СНС не го номинира за претседател, тој и неговите приврзаници би можеле да поддржат некој од кандидатите од другите партии.
Претседателството, исто така, го овластило Вучиќ да разговора со сите коалициски партнери на СНС со цел да „се обиде да обезбеди широка народна поддршка за победа на претседателските избори“.
Кандидатуарата на Вучиќ за претседател на Србија в петок се очекува да ја потврди и Главниот одбор на СНС.
Веднаш по објавување на кандидатурата на Вучиќ за преседател на Србија, тој доби поддршка од лидерите на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, на Движењето на социјалистите, Александар Вулин и на партијата Единстевна Србија, Драган Марковиќ - Палма.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
