Македонија
30. September 2022 - 20:51

Александар Василевски Нинџа осуден за бегството на двајцата началници од УБК

Клучниот сведок на обвинителството за случајот организатори на 27 април, доби уште една затворска казна.

Александар Василевски-Нинџа е осуден на шест месеци затвор заради помагање во бегството на двајцата началници на УБК осудени за прислушување.. Василевски-Нинџа ја признал вината, па Основниот кривичен суд му одредил казна затвор од шест месеци.

И самиот Нинџа беше осуден за упадот во Собранието, а подоцна обвинителството го понуди како сведок за случајот организатори бидејќи како што објаснија од обвинителството, тој случајно бил на местото каде обвинетите го договарале „27 април“.