Македонија
28. July 2018 - 12:02

Александар Кирковски соло на алпскиот врв Матерхорн со најбрзо македонско време

Македонскиот планинар Александар Кирковски сам и без никаква логистика го искачи најатрактивниот алпски врв Матерхорн со 4.478 метри надморска височина, преку гребенот „Хорнли“ од швајцарската страна на планината.

Постигнатото севкупно време од 7 часа и една минута од појдовната точка до врвот и назад е воопшто најбрзо македонско искачување на овој технички захтевен врв.

Кирковски Матерхорн 3

Кирковски искачувањето го заврши вчера, само четири дена после брзинското искачување на Мон Блан од италијанска страна.

Врвот Матерхорн се наоѓа на Апенинските Алпи на границата помеѓу Италија и Швајцарија, а за првпат е искачен во 1865 година како последен од позначајните алпски врвови. Со својата атрактивна форма на карпеста пирамида не дозволува лесен пристап и е сон на речиси секој планинар, а познат е како лого на познатото швајцарско чоколадо „Тоблероне“.

Кирковски Матерхорн 1

Досега врвот Матерхорн го имаат искачено само 28 Македонци.

На Кирковски ова е трето успешно искачување на Матерхорн, а претставува второ македонско соло искачување на гребенот „Хорнли“ после Слободан Јовановски - Боби во 2006 година. Постигнатото време од 7 часа во двата правци е уште едно сериозно кревање на границите и стандардите во македонскиот планинарски спорт. Акцијата е дел од годишната програма на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.