Александар Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на Oпштина Илинден
Новоизбраниот градоначалник на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска го прими уверението што му го врачи Општинската изборна комисија, со што тој и официјално ја презеде функцијата.
-Александар Георгиевски е нов градоначалник на Општина Илинден. Според конечните резултати, на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година, уште во првиот круг тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години, соопшти Општина Илинден.
Уверението за избран градоначалник на Општина Илинден на градоначалникот Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски на пригодна свеченост што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.
Уверенија за избрани советници на Советот на општина Илинден ги примија и новите 15 советници и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Верче Мицевска, Павле Павлески, Миле Стојановски, Борче Најдовски, Благоја Митровски, Светлана Слезенковска, Дарко Мицевски, Горан Гочевски и Драгана Бојковска, од СДСМ и коалицијата Мирјана Николовска, Милош Станковски и Новица Милев, од Група избирачи, Трајче Илиевски и Анета Здравковска и од Левица Кирил Слезенковски.
Ново на Сител
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо