На пописот на жртви на Саша се најпознатите руски мафијаши од 90-тите години. Некои извори велат дека тој никогаш детално не планирал убиството и се раководел по интуиција. Некои ситуации докажуваат дека навистина и така било, пишува Russia Beyond.
По повеќе ладнокрвни убиства, неколку апсења ( три пати бегал од притвор, еднаш скокнал низ прозорец од судницата и седнал во погребално возило кое го чекало пред влезот во судот), побегнал во Атина.
Изнајмил куќа во која живеел со својата девојка, 22-годишната манекенка Светлана Котова.
Македонски ги прекинал сите врски со своите работодавачи и нивните односи се влошиле до таа мера што користел нивни фотографии како мети и вежбал пукање.
Водачите на руската мафија одлучила да не чекаат да ги нападне Македонски и испратиле по неговата глава друг најпознат убиец - Саша Солдат. Тие двајца добро се познавале и Македонски со задоволство дошол со девојката во куќата каде престојувал Солдат со уште двајца „пријатели“.
Наскоро грчката полиција го пронашла телото на Александар Солоник Македонски и Котова закопани на различни места.