-->
-->
Алекс Симовски: Настапувам за државата на мојата фамилија, за мене тоа е непроценливо
-->
Членот на шведски Акрополис Алекс Симовски против Црна Гора за првпат ќе биде во комбинација за настап во дресот на Македонија на еден официјален натпревар. Фудбалерот роден во Шведска беше дел од селективните кампови организирани од селекторот Благоја Милевски, но тие натпревари немаа вистински натпреварувачки карактер.
На утрешната пресметка против Црна Гора, Симовски верува дека ќе ја оправда довербата и ќе го заслужи местото во репрезентативниот тим и во иднина.
- Јас сум многу среќен што ја претставувам родната земја на мојата фамилија, јас сум роден во Шведска, но тоа не ја намалува љубовта кон Македонија. Мојот дедо е роден во Македонија, потекнува од мавровскиот крај и навистина сум среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија, вели Симовски.
Младиот фудбалер на Акрополис во однос на натпреварот утре со почеток во 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ истакнува дека сите во тимот се свесни за одговорноста која ја носи дресот на репрезентацијата и посакува поволен резултат.
- За мене ове е како дебитантски настап, иако бев дел од селективните кампови пред неколку месеци. Се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Работиме добро, знаеме што очекува селекторот од нас и доколку добијам шанса ќе дадам се од себе да ја искористам. Мораме да бидеме цврсти во дуелите, да делуваме компактно и во фаза на одбрана и кога напаѓаме. Ако не краси тимскиот дух, а верувам дека ќе биде така, тогаш можеме да се надеваме на позитивни работи,додава Симовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел