Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност
Обвинителството во Ново Мексико (САД) се откажа од барањето петгодишна затворска казна поради обвинението за недозволено ракување со огнено оружје за глумецот Алек Болдвин во врска со убиството на снимателката Халина Хачинс на снимањето на „'Рѓа“.
- Обвинителите направија фундаментална правна грешка, изјави Лук Никас, еден од адвокатите на Болдвин.
Тимот на американскиот глумец тврди дека обвинението за недозволено ракување со оружје во случајот е неуставно, бидејќи ја прекршува одредбата од Уставот на САД којашто забранува ретроактивно менување на законските казни за некое обвинение. Обвинителите потоа одлучија наместо за недозволено носење оружје, да покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, за коешто Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци, доколку биде прогласен за виновен, пренесува лондонски „Гардијан“.
Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.
„Приоритет на обвинителството е да ја задоволи правдата, а не да им дава можност за хонорари на скапите адвокати од големите градови врз основа на наплатливите часови ангажман“, соопштуваат од обвинителството.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
