Алегри нов тренер на Интер?!

Италијанските медиуми тврдат дека до крајот на денот Интер и Антонио Конте ќе објават дека го раскинале договорот. Доколку не се разделат спогодбено, а Интер го отпушти Конте тогаш сопствениците на клубот на тренерот и неговите соработници ќе мора да му исплатат 55 милиони евра.
Во Интер биле подготвени за вакво сценарио и веќе се подготвиле за Масимилајо Алгери. Искусниот тренер би работел за седум милиони евра годишна плата.
Медиумите во Италија одат толку далеку што веќе го формираат тимо со кој Алегри ќе го нападне скудетото.
Капитент Хандановиќ е неприкосновен на голот, на бековските позиции би биле Хакими и Емерсон кој треба да пристигне од Челси, а во срцето на одбраната би играле Де Фрај и Годин. Трета опција на централната дефанзивна позиција би бил Бастони.
Во редот на врска би биле Брозовиќ, Барела, Ериксен и Тонали кој треба да пристигне од Бреша.
Нападот би го предводеле Лукаку и Лаутаро Мартинез.
Ново на Сител
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
