-->
-->
Алегри го спречил Роналдо да присуствува на доделувањето наградите на ФИФА
-->
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, го сопрел Кристијано Роналдо да присуствува на овогодинешното доделување на наградите на ФИФА во Лондон.
Португалецот беше меѓу трите финалисти за наградата „Најдобар фудбалер“, но не присуствуваше на церемонијата, а Алегри го оправда неговото отсуство.
- Жал ми е што тој не замина за Лондон, но утре имаме натпревар и тој мора да се подготви, рече Алегри.
Јувентус ќе се соочи со Болоња утре во 21 часот во шестиот круг од Серија „А“.
Претходно од светската фудбалска централа упатија критики до Роналдо и Меси дека го „дискредитираат фудбалот“ со тоа што не се појавуваат на свеченостите на доделување награди.
- Со своето однесување го дискредитираат фудбалот, можеби тоа и не го разбираат, изјави претставник на ФИФА за шпанска „Марка“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци