Албин Курти избран за нов премиер на Косово

Собранието на Косово го изгласа денеска со мнозинство гласови лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Предлогот на Курти беше усвоен со 66 гласа „за“, десет „воздржани“ и без ниеден глас „против“ во 120-членото Собрание на Косово. Пред самиот чин на гласање, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ).
Идниот кабинет на Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. По шест од министерствата се доделени на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), две ќе ги води Српската листа и едно групата „Г-6“ на другите немнозински етнички заедници.
Министри од редовите на Самоопределување се: Албулена Хаџиу за правда, Глаук Коњуфца за надворешни работи, Бесник Бислими за финансии, Розета Хајдари за економија, Арбен Витиа за Здравство и Блерим Река за евроинтеграции, додека на местото втор вицепремиер е избран Хаки Абази.
Прв вицепремиер ќе биде Авдулах Хоти од ЛДК, додека министри од партијата на Иса Мустафа ќе бидат и Антон Ќуни за одбрана, Агим Велиу за внатрешни работи, Љумир Абиџику за инфраструктура, Бесиан Мустафа за земјоделство, Хикмете Бајрами за образование и Вљора Дурмоши за Култура.
Од претставниците на СЛ министер за заедници и враќање ќе биде Далибор Јевтиќ, додека министер за регионален развој Иван Милојевиќ.
По положувањето на заклетвата, новиот косовски премиер одржа пригоден говор, во кој порача дека ќе владее отчетно и транспартно, врз основа на волјата на граѓаните.
![]()
Курти вети напорна работа за подобрување на животот на сите граѓани на државата, а на надворешен план нагласи дека Косово ќе остане на патот на евроатлантските интеграции и ќе ги негува врските со земјите сојузнички, при што посебно ги спомена Албанија и Соединетите Американски Држави.
– Денеска отвораме ново поглавје. Она што се чинеше невозможно изгледаше така само на прв поглед и еден народ кој го одби потчинувањето ја направи промената. Денеска не победија ВВ и ЛДК, победија граѓаните на Косово кои секогаш кога се соочуваа со неправда се креваа на нозе. Ветувам дека ќе бидам премиер на сите, ќе го слушам гласот на секој граѓанин, изјави Курти.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
