Албанските студенти по медицина продолжуваат со бојкот на наставата
Студентите по општа медицина во Тирана, кои нова академска 2023/24 година ја започнаа со бојкот, петти ден по ред не посетуваат настава.
Студентите избраа да протестираат за укинување на новиот закон со кој се принудени да даваат здравствени услуги од три до пет години по завршувањето на студиите, а дури потоа да ги добијат дипломите.
Денеска им се придружи и околу 400 бруцоши, кои требаше редовно да почнат со настава.
Студентите и денеска најавија дека случајот ќе го водат по законски пат и ќе поднесат тужба до Уставниот суд.
Тие и претходно протестираа во знак на незадоволство од законот, а барањето и несогласувањето со истиот му го пренесоа и на шефот на државата, Бајрам Бегај..
Владата го подготви овој закон поради масовното заминување на белите мантили, пред сè во Германија и во Италија, поради што се чувствува голем недостиг на овој кадар. Нивните здруженија тврдат дека во изминатите години земјата ја напуштиле над 4.000 лекари, меѓу нив и голем број специјалисти, како и над 10.000 медицински сестри.
Ново на Сител
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд
-
Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
-
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
-
М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање