Албанскиот Уставен суд го суспендираше законот за правосудство
Уставниот суд на Албанија денеска го суспендираше законот со кој се предвидуваа проверки на личните и професионални истории на судиите и обвинителите, што беше една од клучните реформи во судството, кои имаа за цел да и обезбедат на земјата отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Судот го суспендираше законот за да побара мислење од Венецијанската комисија на Советот на Европа, која веќе го разгледа овој пакет закони, кои беа подготвени со помош на американски и европски експерти.
Суспендирањето на законот го иницираше опозициската Демократска партија, која е против проверки на судиите и обвинителите.
Меѓутоа, суспензијата само времено ќе го блокира придвижувањето на реформата во судството, која треба да гарантира независност на судиите и обвинителите од политиката, како и искоренување на корупцијата.
Ново на Сител
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози
-
Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите