Балкан
25. October 2017 - 19:00

Албанскиот парламент му го одзеде имунитетот на Тахири,но не дозволи негово апсење

По барање на Обвнителството за тешки кривчни дела,пратенците во албанскиот парламент му го одзедоа пратеникиот имунитет на Саимир Тахири,поранеше прв полицаец,кој е осомничен за корупција и вмешаност во недозволена трговија со дрога.

Но,пратениците не изгласаа негово апсење туку само можност обвинителството да го повика Тахири на распит  и да може да се изврши претрес во неговот дом.

Претходно на неколкуте одржан седници на мандатно имунтетната парламентарна комисија неговите сопартијци,социјалстите,предложија да се одобри барањето на Обвинителството,на Тахири да му одземе патната исправа,да се дозволи претрес во неговиот дом и имотот и со обврска да се јавува во полиција.

Опозицијата,која се обедини околу ова прашање,Демократската партија на Љуљзим Баша и Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади,најави дека ќе достави друго барање во Обвнителството,Тахири да се уапси и да се изрши претрес во неговиот дом.

Обвинителството тврди дека има основа на сомнение дека Тахири бил вмешан во недозволена трговија со дрога кога бил министер за внатрешни работи,во периодот од 2013 до март годинава.Тоа тврди дека водач на кримналната банда бил неговиот братучед Моиси Хабилај наречен „балкански Пабло Ескобар“,уапсен од  италијанската полиција.

Тахри ги отфрли сите обвинувања, а за роднинската поврзаност со Хабилај,рече дека се роднини по десетто колено.Тој вчера презентираше документ добиен од Обвнителството на италијанскиот град Катанија,во кој стои дека за „лицето Саимир Башким Тахири не постои ни денес ни претходно кривична пријава или бил некогаш под истрага“.

- Не сакам да одам во затвор само поради тоа што Бериша(Сали Бериша поранешен албански премиер и екс лидер на опозициските демократи)посакува да ме тргне од патот.Бериша треба да се повика за сведок.Не сакам да одам во затвор за да докажам дека не сум возел камион или дека не сум заработил пет милони евра во првите три месеци како министер.Отворен сум за истрага,но не сум поготвен да одам во затвор само заради некои луѓе кои и избегнаа на правдата.Нема прчина да одам во затвор како политички затвореник,-изјави неодамна Тахири,кој денеска не прсуствуваше на седницата на парламентот.

Опозцијата за вмешаност во трговјата со дрога го обвини и поранешниот министер за економија и енергетика,Дамиан Ѓикнури,кој експресно обвнувањата ги отфрли.

Според опозицијата набрзо ќе ги објави и имињата на други високи владини и полициски функционери,кои го помагале шверцот со дрога од Албанија за Италија.Таа најави протести и барање за вонредни парламентарни избори.