Албанскиот Парламент ги изгласа новите министри,опозицијата ја напушти салата
На вонредната седница албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство избра нови министри во Владата на премиерот Еди Рама.
Пред гласањето седницата ја напуштија пратениците од опозицијата,откако не им беше прифатено барањето да дебатираат околу предлозите.
Од денеска Ерјон Браче е нов вицепремиер, Косовката Беса Шахини, министерка за образование, Анила Денај министер за финансии и економија додека Белинда Балуку министер за инфраструктура и енергетика.
Бледи Чучи е министер за земјоделство,Елва Маргарити министерка за култура, Едуард Шалси е нов државен министер,додека Елса Спиропали минисерка за однос со парлементот,ресор кој повторно го врати Рама.
Ресорот министер за Европа и надворешни работи останува празно,откако претседателот Илир Мета не потпиша уредба оваа функција паралено со премиерската да ја извршува Рама. Претходно Мета не ја потпиша уредбата шеф на дипломатијата да биде Косовецот Гент Цакај.
Ново на Сител
-
Трибина за пет години од членството на државава во НАТО
-
Во Собранието седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра
-
Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров