Албанскиот министер за туризам казнет со 4.500 евра за непочитување на анти-ковид мерките
Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки, односно 4.500 евра како организатор на изборна активност одржана во градот Кучово, на која не се почтувани анти-ковид мерките.
Исто така со парична казна во износ од над осум илјади евра казнет е сопственикот на угостителскиот објектот поради тоа што дозволил одржување средба без запазување на протоколите.
Деновиве, откако премиерот Еди Рама, најави казни за секој кој не ги почитува мерките и протоколите за спречување на ширењето на опасниот вирус, од високите казни не е изземена и опозицијата.
Полицијата во Драч казни од по 4.500 евра им изрече на тројца претставници на Демократската партија а осум илјади евра на сопственикот на објектот каде одржувале срдба.
Прв ваква казна доби Ендрит Браимлари од Движењето за социјалистичка интеграција а потоа и здружението „Драч“ кое организираше средба со претседателот Илир Мета.
Премиер Еди Рама на 10 овој месец, откако Комитетот на експерти донесе одлука за заострување на анти-ковид мерките, упати апел строго да се почитуваат мерките за
време на кампањата за парламентарните избори, закажани за 25 април.
Тој предупреди дека „нема да има прошка за никого, ниту за лидер на партија, ниту за министри, пратеници, шеф на државата“.
-Санкции за политичките партии без исклучок, казни за секого, било тоа да се лидери на партија, министри, пратеници или претседател. Јас сум многу строг кон себе, па нема причина и другите да не го прават тоа, порача Рама.
Во меѓувреме во Албанија не стивнува заразата, каде овој месец дневниот просек на новозаразени е над 1.060. Вчера според Министерството регистрирани се нови 1.059 новозаразени и 14 починат.
Ново на Сител
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ