Албански академик: Обединување на Косово и Албанија пред членство во ЕУ
Албанскиот академик, Реџеп Чосја изјави дека обединување на Косово и Албанија треба да биде следна прва цел на Албанците, тврдејќи дека тоа нема да биде можно со влезот во ЕУ.
- Луѓето зборуваат дека тоа прашање ќе биде решено во ЕУ. Не, нема да се реши во ЕУ. Како што не им се дозволува на земјите-членки поделба на две држави, така ЕУ нема да дозволи ниту нејзини две членки да се обединат во една држава, истакна Чосја за албанската телевизија „Вижн плус“.
Според него, „треба да се има јасна цел и како да се движиме кон тој пат. Најважно е обединување на Косово со Албанија без членство во ЕУ“.
Академикот Чосја тврди дека „обединувањето не е само желба, волја или чувство на Албанците, туку прашање кое решава многу други проблеми во животот на албанскиот народ“.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје