Албанската полиција заплени 140 килограми марихуана

Полицијата од северниот албански град Тепелена заплени 140 килогами мрихуана, при што уапси едно лице, а трага по уште три други.
Како што јави дописникот на МИА, во акцијата „Луфтиње“, насловена по истоименото село каде што е пронајдна дрогата, при контрола на домовите на двајца браќа се откриени 24 вреќи со мрихуана. При контролата запленета и автомаска пушка „калашников“.
Во едната куќа се пронајдени две вреќи со околу 25 килограми марихуана и нејзиниот сопственик е уапсен, додека при конролата во домот на неговиот брат се пронајени останатите 22 вреќи со околу 115 килограми марихуана. Во втората куќа е пронајдена и пушката.
Според полицијата, вториот брат и негоите двајца синови за време на контролата не биле дома, па по нив се трага поради „производство и промет на наркотични растенија“.
Иако полицијата од јуни спроведува акција за уништување на насади со марихуана и досега уништи над 80 илјади стебла, сепак од неодамна повторно зачсти шверцот на ова наркотично растение, кое шверцерите главно се обидуваат да го префлат во Италија и Грција.
Ново на Сител
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
