Албанската амбасадорка повикана во бугарското МНР по изјавата на Еди Рама на форумот на Блед
По изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, на меѓународниот безбедносен форум во Блед, дека Бугарија го одложила влезот на Тирана во ЕУ за осум години, во бугарското Министерство за надворешни работи е повикана албанската амбасадорка Доника Хоџа, јави дописникот на МИА од Софија.
Ова на редовен брифинг го соопшти портпаролот на бугарското МНР, заменик министерот Костадин Којабашев. Истовремено, беше соопштено дека се подготвува и средбата на бугарските заедници во Албанија со претседателот Румен Радев, а до крајот на следната недела ќе биде јасно кога таа ќе се одржи.
По повод 100-годишнината од најстарата организација на македонските Бугари во САД – Македонската патриотска организација, претседателот на Бугарија ќе им испрати плакета „Св. Свети Кирил и Методиј“ и ќе ги поздрави со видео обраќање.
На брифингот беше соопштено дека Бугарија отвора три нови генерални конзулати – во Единбург, Дизелдорф и Лион поради зголемениот број бугарски државјани во нив.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро