Албанија: Утре почнува учебната година, наставниот кадар мора да има сертификат или негативен тест
Во Албанија утре почнува новата 2021/2022 учебна година а со самото тоа стапува во сила одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно.
„Утре стапува во сила наредбата за презентирање на потврдата за вакцинација од страна на образовниот кадар во сите училишта во земјата, додека од 11 октомври тоа важи за студентите. Алтернативата за немање сертификат за вакцинација ќе биде неделниот тест или алтернативна настава за невакцинирани студенти“ рече министерката за здравство Огерта Манастирлиу, пренесува Албанија Дејли.
Според неа зголемениот интерес во текот на отворените месеци за вакцинација довело до над 80 отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта да е вакциниран со една доза и над 60 отсто со две дози, што, оцени таа, претставува висока покриеност со имунизација против ковид-19.
„Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се вакцинирани 1.683.644 граѓани од нив 754.020 со двете дози. Покрај во вакциналните пунктови и здравствените амбуланти, вакцинацијата е во тек и на секој универзитет во земјата. Досега, во нашата земја пристигнаа 2.045.310 вакцини,“ информираше Манастирлиу.
Поради трендот на раст на новозаразени и починати од Ковид-19, министерката упати апел до граѓаните да не потпаѓаат под влијание на пропагандата на антиваксерите и да се вакцинираат, како единствен начин на заштита.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени