Албанија: Се засилува Ковид-19, најпогодени младите од 25 до 35-годишна возраст
Албанската министерка за здравстсво и социјална заштита Огерта Манастирлиу на прес конференција потврди дека бројот на нови случаи значително се зголемил, но оти загрижува фактот дека сега најпогодени се младите од 25 до 35- годишна возраст.
Според неа има појава и на реинфекција кај веќе закрепнати од опасниот вирус, што се заедно наведува на постоење на нови варијанти на вирусот.
-Имаме случаи на инфекции на млада возраст, имаме случаи на повторни инфекции што е уште една причина што ги доведува експертите до сомневања за циркулација на нови варијанти на вирусот. Правиме проценка како да се справиме со тоа. Чекаме резултат од референтна лабораторија за да видиме дали се точни нашите сомневања, рече таа.
Оцени дека за влошувањето на епидемиолошката состојба има и други причини поврзани со неспроведувањето на мерките, небрежноста кон нвното почитување, семејните дружења за време на празниците и зголемениот прилив на население во некои туристички области.
Според анализата на Институтот за јавно здравје и Техничкиот комитет на експерти, додаде Манастирлиу, највисокото ниво овој месец е регистрирано вчера со 1.124 нови случаи, додека дневнот просек за измнататанедела е над 1030 случаи.
Двонеделната инциденца е 450 нови случаи на 100.000 жители во споредба со претходните 14 дена а постои тренд на зголемување и на смртноста.
Министерката ги демантраше информаците дека има пренатрупаност во болниците, додавајќи дека од вкупно 550 легла, колку што располагаат четирите ковид болници слободни се 25 отсто и оти и неколку регионални болници се подготвени за прием на болни,во случај на потреба.
Доцна попладнево ресорното Минстертвото ги објави податоците за последното деноноќие.
-Во последните 24 часа забележан е благ пад на новозаразени, направени се за околу илјада тестови помалку, но забележан е повисок процент на заразени споредно со бројот на тастираните. Од 3.458 тестрани сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 953 што е 27,5 отсто од тестираните, додека битката со опасниот вирус ја изгубиле 12 лица сите во болнички услови, информираше Министерството.
Ново на Сител
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи