Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица.
Она што е забележливо е дека најголем број од оние кои бараат лекарска помош се деца до 5-годишна возраст, што доведе и до преоптоварување на педијатриските амбуланти во последните денови од годината што штотуку ја оставивме зад нас. Иако инфекциите на горните дишни патишта се широко распространети низ целата земја, најголем број се во Ѓирокастро, Драч, Делвина и Валона, објавија албанските медиуми.
Во моментов бројот на заболени од сезонски грип е значително поголем во споредба со пред една година, а според епидемиолозите во наредните недели се очекува зголемување бројот на заразени.
Тие советуваат дека вакцинацијата е најдобрата форма на заштита од тешки форми и смртни случаи.
До сега, над 205 илјади албански граѓани, повеќето повозрасни од 65 години, се вакцинирани против грип, која се добива бесплатно во здравствените домови низ земјата.
Ново на Сител
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко