Албанија: Награда од 30.000 евра за информација за убијците на чешките туристи
Албанската полиција попладнево соопшти дека нуди награда од 30 илјади евра за информција која ќе ја доведе до убијците на двајцата чешки туристи.
Во врска со овој грозоморен чин полицијата гарантира целосна анонимност за оној кој ќе даде информација. За што побрзо расветлување на оваа трагедија полицијата апелира на соработка со локалното население.
Полицијата за граѓаните отвори и телефонска линија 0694103984 и гарантира целосна анонимност.
Истражна екипа предводена од обвинител продолжува со истрагата на местото на настанот, возилото и утврдување на други докази кои би можле да доведат до расветлување на случајот.
Во потрагата по убијците вклучени се големи полициски сили, а со акцијата раководи заменик директорот на државната полиција Ардиан Чиша.
Чесите Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кои кампувале во селото Прекал, кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери, беа убиени и ограбени синоќа на излезот од селото на пат за Скадар, а возилото со нивните тела турнато во провалија, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите