„Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Еди Рама. во 20 часот сите заедно во Тирана. Рама заминува. Победа“, напиша Бериша на својата страница на Фејбук.
Властите во Тирана ги преземаат неопходните мерки за обезбедување на албанската влада, Парламентот и Министерството за внатрешни работи.
Пред зградата на Владата, Парламентот и албанското МВР се поставени метални огради со жица, влазната врата на Владата е заменета со метална, а поставени се и рефлектори кои овозможуваат осветлување на местата каде ќе бидат стационирани полициските сили.
За безбедноста ќе се грижат меѓу 1.300 и 1500 полицајци, но и припадници на Националната гарда на Албанија.