Албанија издаде нова обврзница од 450 милиони евра
Албанија издаде нова еврообврзница во вкупна вредност од 450 милиони евра, со рок на отплата од пет години и со каматна спака од 5,75 проценти.
Како што јави дописникот на МИА, ова е втора еврообврзница што ја емитува Албанија, по онаа од 2010 година, кога земјата се задолжи за 300 милиони евра со каматна стапка 7,5 отсто.
- Новиот долг од 450 милиони евра ќе ги чини албанските даночни обврзници околу 26 милиони евра годишно, само на име камата. Албанија има вкупен долг од 7,6 милијарди евра, за кои на годишно ниво плаќа камата од 400 милиони евра. Со новиот износ долгот се зголемува за нови 450 милиони, наведува весникот „Шќип“.
Најавата за ново задолжување ја даде лично албанскиот премиер Еди Рама на почетокот на октомври, кога најави емисија на еврообврзници во износ од 300 до 500 милиони евра.
- Нивото на прибирање на даноците во Албанија изнесува 27 проценти и бележи подобрување споредено со 23 отсто, колку што изнесуваше во изминатите две години. Владата спроведува акција против фискалната евазија, изјави Рама, отфрлајќи ја загриженоста околу способноста на Албанија за исплаќање на долговите.
Според него, оваа одлука на албанската Влада треба да биде вознемирувачка за народот и властите, но не и за инвеститорите.
Рама изнесе и предвидувања за раст на економијата за оваа година од 2,7 до 3 проценти. Странскиите инвестииции во првата половина од годинава, споредено со истиот период лани, според него, се поголеми за 2,7 отсто.
Ново на Сител
-
Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
-
Елтон Џон со сѐ послаб вид, не можел да ја проследи претставата „Ѓаволот носи Прада“
-
На готвач му украле комбе со 2.500 пити, тој повика да ги даруваат на гладни и изнемоштени лица
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката
-
Во торбата и пронашле куршуми, уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром
-
Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани