Фудбал
6. September 2016 - 8:08

Албанија и Македонија ќе доиграат во 14ч

Прекинатиот квалификациски дуел за СП во Русија помеѓу селекциите на Албанија и Македонија ќе се доигра денеска во 14ч во Скадар соопшти на својата Веб-страница УЕФА. 

Мечот беше прекинат во 77 минута поради обилните врнежи што го зафатија Скадар и откако не се создадоа услови да продолжи делегатот на УЕФА мораше да предложи нов термин во рок од 48 часа. 

Средбата беше прекината при резултат 1-1.