-->
-->
Албанија бележи уште еден многу важен чекор во процесот на интеграција во ЕУ
-->
Албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), информираше дека во Брисел успешно е завршен процесот на проверка познат како „скрининг“.
– Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со учество на над 1.500 албански и 1.000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци, се наведува во соопштението на МЕНР.
Исто така се додава дека овој процес ја приближува Албанија до Европска Унија и ја прави земјата поподготвена за понатамошните фази на интеграција.
Следниот чекор, се посочува во соопштението, е отворање на првата група поглавја за основни прашања и се оценува дека е „поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза процесот на пристапување на Албанија во ЕУ”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски