Албанија: Албански граѓани ги палат пасошите откако ќе ја напуштат земјата
Станува збор за палење на албанските пасоши веднаш штом ќе ја напуштат својата татковина, што според медиумите, е последица на огромото разочарување поради бесперспективноста во земјата.
Социјалните мрежи вријат од коментари,од оние кои поради идентичната разочараност од условите во земјата го оправдуваат овој чин, до оние, побројните, кои сметаат дека тоа е национален симбол и со него не треба да се мајтапи никој.
Медиумите ја пренесуваат реакцијата на познатиот активист Генц Сејко,кој смета дека „може да се чувствува омраза кон политиката но не и кон татковината“.
„Започна еден идиотски тренд, каде што оние кои ја напуштаат Албанија, го палат пасошот во знак на протест. Пасошот е на Република Албанија а не на владата. Кога ќе го запалиш пасошот, ги палиш и националните симболи. Вие не ја мразите Албанија. Вие ја мразите политиката. Научете да направите разлика“,пишува Сејко.
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километар на час на место каде е дозволено 50
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи